Игротека

Видео: 9-годишно момче станало славно како најмлад водич на фудбалски клуб

Фудбалот е познат како најважната споредна работа во светот, интересот за него се појавува уште кај децата, а момчето Матео Манусакис е многу повеќе од обичен навивач.

Уште од 4-годишна возраст, кога присуствувал на тренинзите со неговиот татко Васили Манусакис, кој игра во Јужноафриканската фудбалска лига, страста на Матео за фудбалот била очигледна. Но, Васили немал поим каква сензација ќе стане неговиот син.

Момчето ги помина последните неколку години водејќи го фудбалскиот клуб „Кејп Таун Сити“ со пеење и танцување пред натпреварот, а видеата од него станаа вирални. Храброста и чувството за лидерство што ова 9-годишно дете ги покажува со водење спортски тим, низ тунелот кон игралиштето, е на завидно ниво.

„Воопшто не го очекував тоа. Мислам дека е опиен од неверојатен тимски дух – тој има љубов и почит кон играчите, го чувствува тоа, тоа е реално и тие секогаш сакаат да го гледаат“, изјавил Васили, помошник-тренер во тимот.

Во видеото Матео го води тимот низ тунелот кон игралиштето и ја пее „Awuleth Umshini Wami“, или позната уште како „песна за борба“ на зулу јазикот. Со текот на годините Матео развил врска со играчите на тимот и станал познат меѓу навивачите на „Кејп Таун Сити“. Видеата на кои тој го води тимот во вакви ритуали пред натпреварот секогаш биле споделувани и привлекувале внимание на социјалните мрежи.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top