Игротека

Видео: 7-годишно момче ќе ве воодушеви со новинарските и актерски вештини

Седумгодишното момче Риту од Коимбатор, Индија, стана славно со неговото видео во кое имитира презентер на вести. Риту уште од рана возраст го воодушевувал татко си со капацитетот за паметење и имитирање на секој дел од информациите. За време на карантинот поради коронавирусот, Риту гледал видеа од вести на мобилен телефон, во поголемиот дел од времето. Неговиот татко веќе започнал јутјуб-канал за да ги зачува видеата од синот, но бил зачуден од идејата син му да снима кратки вести.

Како експеримент, креирале кратки сатирични дела како презентација на вести, а Риту имитирал презентер на вести, новинар на терен и граѓанин. 8-минутното видео е всушност пример за апсолутната брилијантност на Риту во однос на изговорот на зборовите и изведбата на секој лик што го игра. Неговиот изговор дури ги потсетува гледачите на неколку новинари од Индија.

Кога го прашале дали е среќен со неговата слава преку ноќ, тој бил збунет бидејќи не можел да го сфати концептот на популарност. Рекол дека се интересира за наука и сака да стане астронаут во иднина. Сега, има над 81.000 следбеници на неговиот канал.

Автор: Прамод Мадхав

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top