Мајка на две деца од Австралија на „Фејсбук“ сподели интересен трик со чија помош нема потреба повеќе да се прашува што да приготви за ручек или вечера.

Таа и нејзината ќерка пишуваат на ливчиња хартија што би можеле да јадат и своите идеи ги ставаат во чаша. Потоа случајно влечат ливче, гледаат што има на него и го прават тоа за вечера.

На фотографијата се гледаат две чаши. Едната означува вечера, а другата прилог за вечерата. Од секоја чаша тие случајно избираат по едно парче хартија и го приготвуваат она што е напишано.

Фото: Facebook

Иако може да се извлече комбинација што не би сакале да ја јадат, мајката вели дека досега не им се случиле чудни комбинации.

Фото: Facebook
Фото: Facebook

Другите родители беа воодушевени од идејата.

– Одлична идеја, секогаш се прашувам што да готвам и мразам постојано да го приготвувам истото. Ја крадам идејата и ти благодарам за неа – пишува една мајка.

Извор



912

X