Воспитување

До мојата мајка и мојата свекрва: Ви благодарам, навистина сте посебни

Една мајка одлучи да им се заблагодари на бабите бидејќи секогаш се тука за своите внуци, давајќи им љубов и мамејќи им насмевки

До мојата мајка и мојата свекрва

Двете сте секогаш тука за мене и за мојот сопруг откако создадовме екипа од три деца во изминатите пет години. Нè спасивте од огромниот хаос во нашиот живот, и секојпат со ентузијазам го прославувате доаѓањето на новото бебе во семејството.
Двете сте навистина посебни, клучни актери во нашата приказна.

Затоа сакам да ви кажам: БЛАГОДАРАМ!

Ви благодарам што останавте кај нас до раѓањето на бебето, иако живеете далеку.

Ви благодарам што станувавте во средината на ноќта за да одите со нас во болница. И ви благодарам што ми ја држевте раката во клучните моменти. Учествувавте во тие неверојатни моменти со нас.

Ви благодарам и за прекрасните слики што ги создадовте, па нам ни останаа прекрасни спомени. Ви благодарам што ја делевте радоста со нас.

Благодарна сум што сте од баби што веднаш стануваат од кревет кога бебето плаче. Пеете и играте без пауза на секоја песна што ја сакаат децата. Вашето заемно уживање ме прави најсреќна мајка на свет.

Ви благодарам што готвите и што им дозволувате на децата да учествуваат во подготовките. Тие се чувствуваат толку важни, како да се дел од некоја сериозна работа, па срцето ми се исполнува со радост кога ве гледам така заедно.

Ви благодарам што ги охрабрувате да бидат сочувствителни и љубезни.

Ви благодарам што сами предлагате да ги чувате децата во моменти кога нам ни е потребен одмор. За ништо не треба да се грижиме кога тие се во ваши раце.

Ви благодарам што седите и цртате со нив, си играте и правите кули. Им читате и учествувате во разни детски активности. Начинот на кој им блескаат очите кога ќе кажете дека ќе си играте со нив покажува колку се среќни во вашето присуство.

Ви благодарам што им купувате чевли или им давате пари да си купат нешто, без никаква причина. Од кај вас се враќаат со многу подароци, без разлика дали се работи за роденден или не. Сепак, најмногу ви благодарам што поминувате време со нив. Тоа им е најубавиот подарок.

Ви благодарам што се слушате со нив или се допишувате кога сте далеку.

Ви благодарам што постојано барате слики и цртежи од нив. Вие навистина ги ставате нивните фотографии и уметнички дела на ѕидовите во вашата куќа. Нема поголема среќа кога ќе си ги видат сопствените дела.

Ви благодарам што ги гледате нивните „светла“ и им помагате да „блескаат“. Постојано им кажувате колку се убави, како однадвор така и однатре. Ги учите како да ја развијат својата љубопитност, огромните срца и силата. Го гледате она вистинското во нив, нивната душа баш онаква каква што е.

Ви благодарам на добрината. Вашето време навистина вреди, го знаеме тоа. И кога ќе одлучите да ни го посветите тоа време, се чувствуваме како најсреќни луѓе на светот. Вашите превкусни оброци, разговори, начинот на кој нè смеете и се грижите за она што е најважно за нас.
Двете ни бевте многу потребни во последните неколку години откако имаме деца, и вашата посветеност и љубов не се заборавени.

Ви благодарам за сè што правите. Подобри баби не можевме да замислиме за нашите деца. Вие сте ни сè на овој свет!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top