Дипломираниот кинезиолог Лана Новота од Хрватска, мајка на три деца, снимила видео со основни вежби за враќање во форма по породувањето. За важноста на физичката активност за животот на секоја личност, па така и за трудниците и децата, Лана редовно ги едуцира своите пријатели на социјалните мрежи преку видеа кои ги објавува на својот јутјуб-канал.

Домашниот тренинг по работа на компјутер, вежбање со децата во карантин или вежби за деца кои многу време поминуваат на компјутер, се само дел од едукативните видеа што во последните неколку недели ги снимала Лана. Во видеото, освен конкретни вежби, Лана открива и кога треба да се почне со вежбање по породувањето (детална таблица кога да се почне со која вежба), кои мускули прво треба да се активираат, но и на што особено треба да се обрне внимание за по породувањето да се вратите на правилното држење и да го вратите своето тело во функционална состојба.

Извор



912

X