Успешните, среќни парови, чија врска е пред сѐ здрава, имаат посебен однос во кој се сигурни дека секогаш ќе се грижат еден за друг и ќе се сакаат. Тој однос е составен од, на некој начин, договори што и двајцата ги почитуваат во секое време.

Иако секоја двојка е единствена, постојат договори кои се универзални за повеќето здрави врски, а клучните договори во врската најдобро се постигнуваат пред бракот и со тоа се обезбедува долговечност и што е уште поважно – квалитет во односот.

Се разбира, во одреден момент ќе ни се чини дека не можеме да почитуваме никакви договори, сепак, друга клучна карактеристика на добрата врска е трудот. Како по правило, од нешто што трае долго време не треба лесно да се откажуваме. А паровите што постигнале одредени договори пред брак, најверојатно ќе имаат врска што ќе трае. Подолу прочитајте седум клучни ветувања за среќни парови кои ќе ви помогнат да одржувате здрави односи на долг рок.

1. Ветувањето дека ќе се поддржувате еден со друг во остварување на целите

Кога ќе си поставите некоја цел, поддршката е многу важна, а уште поважна е кога доаѓа од личноста што најмногу ја сакаме.

2. Ветувањето дека секогаш ќе им посакаме добредојде на пријателите и на членовите на семејството од страната на партнерот

Се разбира, не секој може да се согласува со секого, но ако вашиот партнер има личност која ја сака во својот живот, најмалку што можете да направите е да ја почитувате таа личност.

3. Ветувањето дека ќе си ги прифатите меѓусебните недостатоци

Кога сакаме некого, го сакаме секој дел од него, колку и да ни оди на нерви некоја негова маана. Кога партнерот ве нервира за нешто, добро е да се сетите на сето она што го сакате кај него.

4. Ветувањето дека ќе имате разбирање за настаните од минатото

Некои работи во минатото можеби не се нешто со што можеме да се гордееме, но ако зборувате за нив отворено со вашиот партнер, тие не се нешто што треба да биде предмет на кавги во иднина.

5. Ветувањето дека ќе се фокусирате на позитивните работи

Понекогаш е најлесно да се фокусирате на сè што е негативно во врската, особено ако минувате низ тежок период. Сепак, особено во вакви моменти, обидете се да се потсетите на сè што е убаво и зошто сте со таа личност.

6. Ветувањето дека секогаш ќе бидете присутни, ако не физички, тогаш барем со срцето и мислите

Треба секогаш да го сакате и почитувате вашиот партнер, не само кога сте заедно. Дури и кога сте разделени подолго време, вашето однесување треба да покаже дека сè уште го сакате и го почитувате.

7. Ветувањето дека секогаш ќе се почитувате еден со друг

Најлесно ќе се почитувате доколку сте искрени во вашата врска, а решението за многу проблеми честопати лежи во еден квалитетен, искрен разговор.

Секогаш комуницирајте со вашиот партнер за вашата врска да биде квалитетна, а не само кога ќе се појават одредени несогласувања или проблеми.

Извор



912

X