Постојат вештини кои децата на вработените мајки ги усвојуваат многу порано од другите.

1. Независност

Мајките што се вработени немаат време да ги молат своите деца и да ги извршуваат нивните задачи. Кога мајката наутро се подготвува за на работа, поголема е веројатноста дека и детето ќе мора само да се подготви за на училиште. Освен тоа, таквите мајки немаат време од утро до мрак да ги извршуваат домашните работи, па затоа и децата се задолжени за некои задачи. Тие многу порано учат да готват, да го средуваат домот, па дури и да извршуваат задачи како пеглање на облеката. Воопшто, порано учат да се грижат за себе и затоа се многу независни.

2. Флексибилност

Децата чии мајки се постојано дома и се грижат за нив се навикнати на одредена дневна рутина. Мајката наутро ги испраќа на училиште, потоа ги дочекува дома со ручек, потоа учи со нив, а често им го организира и слободното време. Во таква атмосфера детето тешко се навикнува на нови искуства и промени во животот. Од друга страна, децата чии мајки работат порано учат сами да се снаоѓаат. На пример, ако задоцнат на училиште или испратат некој друг да го земе, тоа за детето е скапоцено искуство бидејќи ќе научи само да се снаоѓа во таква ситуација. Тоа подобро ќе го подготви за подоцнежниот живот и работните искуства, а и ќе му донесе поголем успех.

3. Фокус

Ова е доблест која децата ја учат од вработените мајки. Вработените мајки имаат подобар фокус на своите задачи, поретко се занимаваат со мултитаскинг (докажано е дека со мултитаскинг секоја работа ја извршуваме 30% полошо отколку кога ќе се фокусираме на една задача), а тие доблести им ги пренесуваат на своите деца. Освен тоа, стануваат многу поуспешни во планирањето. Децата многу подобро учат копирајќи ги возрасните отколку слушајќи ги нивните упатства, така што од вработените мајки веќе на рана возраст ја усвојуваат вештината на фокусирање на работните задачи и нивната важност.



912

X