Некои деца ќе бидат сочувствителни и заинтересирани за вашето дете, други ќе бидат непријателски настроени и агресивни. Во текот на тие неколку часа во градинка вашето дете ќе се социјализира многу повеќе отколку што се социјализирало дотогаш.

Во зависност од тоа што правело вашето дете пред да почне да оди во градинка, ова се некои работи што би можеле да претставуваат возбудливи предизвици за вас како родители.

Соочување без родители или браќа и сестри

Моите деца навистина уживаа во тоа да имаат родители и браќа и сестри околу себе, па за секој од нив градинката беше голема промена. Промена на рутината, но и соочување со ново искуство без луѓето што дотогаш биле клучни во нивната социјална интеракција и емоционална поддршка. За среќа, ги предвидовме овие работи и им обезбедивме време поминато без нас и без нивната вообичаена „мрежа“ на поддршка, така што градинката за нив не беше голем шок, но сеедно, беше потребно приспособување.

Слушање и реагирање на вербалното насочување и наредби

Видов деца кои навистина беа успешни во рутините дома. Но, во градинка децата добиваат инструкции од воспитувачите и го прават она што го прават и другите деца и тоа се чини како една од клучните работи со кои децата се среќаваат во градинка.

Социјализација

Некои деца ќе бидат сочувствителни и заинтересирани за вашето дете, други ќе бидат непријателски настроени и агресивни. Во текот на тие неколку часа во градинка вашето дете ќе се социјализира многу повеќе отколку што се социјализирало во животот дотогаш. И секогаш кога разговарав со децата за нивниот ден, социјализацијата и односите со другите деца и воспитувачите беа темата за која сакаа да разговараат.

Промени и независност

Дел од она што го учат децата е и како да донесат вистинска одлука, на илјада мали начини, многу пати на ден. Воспитувачите ќе им овозможат да „изберат“ да слушаат, да следат основни инструкции и да се приспособат на свој начин. Голем предизвик претставуваат и разните активности за деца и зависно од тоа какви се дома, ќе дојде или нема да дојде до мали несогласувања меѓу детето и воспитувачот или другите деца.



912

X