Амбер Херингтон е мајка на аутистично дете и долг период се обидувала да го научи да вози велосипед, но безуспешно.
На синот на Амбер му е дијагностициран Аспергеров синдром, што претставува нарушување од аутистичниот спектар.
Велосипедот е дизајниран од страна на програмата iBike во Лондон
Таа вели дека со години барала начин да го научи синот да вози велосипед, но ништо не дало резултати сѐ до моментот кога добила писмо од програмата наречена iBike, која дизајнирала велосипед за деца со посебни потреби.
Програмата ги учи децата со посебни потреби како да возат велосипед користејќи приспособливи тркала на детето наместо вообичаените задни тркала.
Седиштето на програмата се наоѓа во Лондон, а тренерот на децата вели дека возењето велосипед е доживотна вештина, па затоа е многу важно децата да научат да возат велосипед.
Децата најпрвин посетуваат обука, а подоцна имаат можност да го возат велосипедот сами
Децата најпрвин се тренираат да го возат велосипедот со помош на тренерот на самата сесија, а подоцна имаат можност сами да го возат велосипедот во паркот.