Жените што во текот на бременоста консумирале алкохол ризикуваат овој порок да биде документиран во здравствениот картон на нивните бебиња.

Овој предлог на Националниот институт за здравје во Велика Британија предизвика низа остри полемики во јавноста.

Критичарите на предлогот тврдат дека ризикот од низата физички и ментални нарушувања за бебето всушност значи дека правото на приватност на мајката ќе биде загрозено. Но, Британската служба за советување на бремени жени и организацијата „Бртрајтс“ велат дека упатството за евидентирање на консумирањето алкохол може да падне поради прописите за заштита на податоците.

– Жените не го губат правото на медицинска доверливост само затоа што се трудни – вели Клер Марфи од Британската служба за советување бремени жени.

Спроведеното истражување во кое учествуваа 725 жени покажува дека 60 отсто од нив сметаат дека податоците за консумирање алкохол не би требало да бидат впишани во здравствениот картон на детето без согласност од мајката. Од друга страна, жените се свесни дека консумирањето алкохол во бременоста е штетно, но самиот предлог ја навредува интелигенцијата бидејќи се обидува да докаже дека жените живеат во незнаење колку  може да биде штетен алкохолот за нив, особено кога се бремени.

Злоупотребата на алкохол е причина за седум од десет случаи кога децата се упатени на посвојување. Децата чии мајки пиеле во текот на бременоста покажуваат сериозни проблеми во однесувањето, имаат тешкотии во учењето и имаат лоша контрола на импулсите. Освен тоа, консумирањето повеќе од две чаши алкохол дневно е поврзано со предвремено породување и ниска родилна тежина кај бебето.

Извор



912

X