Во какви луди времиња живееме? Секое дете има карактер, а ниту еден родител нема.

Внукот Крешо вчера ми кажа дека неговата учителка е „крава“.

-Душо, не можеш така да зборуваш, учителката не е „крава“, туку е многу жешко, затоа си добил двојка по природа и општество.

Така велеше мојот син.

Крешо се фрли на подот. Врескаше, се тркалаше по плочките во кујната, мавташе со рацете и нозете: „Крава, крава, крава, учителката е крава!“ Морам да ви се пофалам, детето има десет години, а носи чевли број четириесет и еден. За роденден доби мобилен телефон. Чудовиштето чини 900 евра.

Му реков на таткото на внук ми: „Идиоту, син ти има тројки и двојки по математика, а ти му купуваш мобилен“. „Мамо!“, сакаше да ми каже нешто, па запре. Има четириесет и четири години и е висок два метра, што не значи дека не сум му мајка. Родителите на Крешо не го доживуваат својот син како невиден дивјак, тие мислат дека „момчето има карактер“.

Денес сите деца имаат „карактер“. Затоа им се преку глава на мајките и татковците, на учителките, па затоа учителките се „крави“, затоа ги праќаат мама и тато „по ѓаволите“ кога тие, ретко, но сепак, ќе им го грабнат мобилниот од раце. Девојката на Крешо се вика Амијанда, а со нашиот малечок се заедно две недели и три дена. Вчера го прославија тоа во пицеријата „Хапањамаама“.

Девојката носи само црн лак на ноктите, им азелен прамен во кркмите, а розов до половината од нејзиниот грб. Амијанда, ми кажа нејзината мајка, исто така е „дете со карактер“. Сите оценки ѝ се тројки, по математика има единица затоа што е „тремаџика“, а учителката е „во менопауза“. „Зарем веќе?“, реков, „нивната учителка нема ни триесет години?“. „Госпоѓо, денес светот се врти побрзо“, ми рече мајката на Амијанда.

Кога е малиот со нас, не се фрла на под, не зјапа во мобилниот, си ја пишува домашната, сам си подготвува појадок. Еднаш, кога имаше напад на „карактерот“ како двегодишно дете, го полив со студена вода и го решивме проблемот. Моите деца многу рано го изгубија „карактерот“ со помош на црпалката што ја користев. И ќерката и синот се во комуникација со мене, две деца без карактер.

Извор



912

X