Клучниот збор во овој наслов е „да почнете“. Ова не се вештини кои петгодишното дете треба да ги има. Но, станува збор за вештини чие стекнување треба да започне пред петгодишна возраст.

Како да ги соопшти своите чувства и потреби на прифатлив начин, почитувајќи ги другите

Прво, децата треба да научат да ги идентификуваат своите чувства. Детските книги се одлична алатка за тоа. Потоа, кога ќе се појави одредено чувство, а детето ќе стане бесно, луто, воодушевено, среќно, разочарано, искористете ја секоја можност да го именувате чувството што го препознавате кај него. Истото правете го кога вашето дете ќе види дека и вас ве обземаат емоции.

Како да ги почитува туѓите граници кога станува збор за телото

Прво ќе го научите да бара од другите да ги почитуваат неговите граници.

„Не, благодарам“. „Не ми се допаѓа тоа“. „Не сакам кога ме трукаш. Немој да го правиш тоа!“

И секогаш бидете модел. Поставете ги вашите граници на ист начин кога нешто не ви се допаѓа, без разлика дали тоа е со вашето дете или со другите луѓе.

Како да се соочи со силни и интензивни чувства

Најдобар начин да ги научите децата на вештините за справување со емоциите и нивно надминување е да вежбате со нив кога се смирени.

Дајте му на детето предлози што може да ги вежба. Важно е да научи дека удирањето луѓе и уништувањето работи не е начин за соочување со силни емоции. Но, ако удирањето во перница, солзите или прегратката помагаат, тогаш тоа е во ред.

Само затоа што не може да се направи денес нешто, не значи дека нема да може утре

Кога детето ќе згреши, кога ќе истури млеко, не треба да се кара. Создајте средина која нуди топлина и поврзаност, особено кога детето ќе згреши. Научете го дека неговиот ум секојдневно се подобрува и ќе биде подобро во работите што ги прави.

Препознајте го и пофалете го трудот, не резултатот.

Како да придонесе за своето семејство и општество

Малите деца сакаат да бидат корисни, па затоа не двоумете се да побарате помош и да ги вклучите секогаш кога е можно, без оглед дали станува збор за празнење на машината за садови, диплење облека, наводнување растенија или слично.

Домашната работа е одличен начин детето да се чувствува важно и корисно и да се научи на одговорност, како и тоа дека е важно сите членови на заедницата да придонесат онолку колку што можат.

Извор



912

X