Здравје

Важни факти за бременоста за кои најчесто се молчи

Голем број жени имаат слабо познавање за одредени фактори поврзани со бременоста, а од кои би можело да зависи нивното здравје, нивната сигурност и информираноста за најголемата промена во нивните животи.

Важноста на доењето

Со оглед на тоа што секоја жена постојано слуша колку е важно доењето, неопходно е да биде запознаена малку повеќе за тоа како функционира.
Доењето е многу значајно затоа што кога бебето се дои, неговата плунка останува на брадавицата, а таа има рецептори кои ја детектираат плунката и се способни да го активираат телото за производство на специфични антитела доколку откријат инфекција.

Бременоста и алкохолот

Општо познато е дека секоја жена доколку сака да остане трудна, не смее да консумира алкохол. Меѓутоа, тоа е екстремно гледиште.
Всушност, ние не знаеме која е вистинската дозволена количина на алкохол што жените може да ја консумираат, па затоа наместо да им се каже на жените дека не смеат да чепнат алкохол, подобро прашање би било: „До кое ниво на ризикот си задоволна?“ Секако, под претпоставка дека жените се грижат за себе и за своето бебе.

Спонтаните абортуси се чести, но за нив ретко се дискутира

Она што не се знае е дека од 20 до 25 проценти од бременостите завршуваат со спонтан абортус. А со оглед на тоа дека спонтаните абортуси стануваат почести, вистинското прашање е зошто никој не зборува за овој проблем. Поголемиот број жени поминуваат низ ова сами, без поддршка и често со чувство на сопствена вина. Жените не треба да чувствуваат вина затоа што спонтаниот абортус е предизвикан од генските абнормалности што не можеме да ги контролираме.

Моќта на плацентата

Во текот на бременоста телото произведува 50 проценти повеќе крв. Тоа е така затоа што телото на жената се подготвува за губење многу крв при породувањето. Целиот овој процес се случува преку плацентата. Плацентата е сосема нов орган кој кај жените се создава од нула, заедно со една нова личност што расте во нејзиното тело. Исто така, пред да се развијат белите дробови, бубрезите и црниот дроб кај бебето, плацентата ја врши нивната функција. Сепак, за плацентата многу слабо се пишува и со тоа се занемарува нејзината важност. Повеќе се почитува мајката, а помалку се зборува за нејзиното репродуктивно здравје.

Поврзани написи

To top