Да бидеме искрени, одењето на празничен одмор со децата е голем предизвик. Губење рутина и носење голем багаж. Одморите со децата треба да бидат одлични и да донесат вредност за вас како семејство на многу нивоа. Целта е да се помине квалитетно време заедно, да се прават заеднички активности. Звучи идеално, но бара многу енергија и желба. Често одморите и празниците ги започнуваме исцрпени и очајни за пауза.

Повеќето празници носат чувство на одмор само кога децата не се околу, кога може да се испратат во некаков клуб или кај други роднини. Ако се чувствувате така, очигледно ви е потребен одмор и од децата. Нема поента да одите некаде заедно ако најдобриот дел од тоа е кога децата не се околу вас. Треба да сакате да поминувате време со вашите деца, квалитетно време кое вообичаено го немате доволно поради обврските. Ова идилично сценарио може да се реализира ако веќе сте се одмориле, сте го имале заслужениот одмор и сте ги наполниле батериите. Вашиот одмор е за вас.

Па како да го изведете тој трик? Одговорот е едноставен: разведете се. Ако не сакате да се разведете, тогаш „разведете се малку“ преку присвојување на еден од најдобрите аспекти на разведувањето – способноста да го вклучите партнерот во активностите со децата додека вие сте на одмор. Тоа не е луксуз и не е сон. Тоа е апсолутно потребно. Ако сте среќни во бракот, треба да го поддржите партнерот кога му е потребен одмор одвоено од вас и децата.

Дали можете да отидете некаде и да поминете време насамо за да ги наполните батериите, со цел потоа да можете да им се посветите за празничниот период и семејните одмори.

Секојпат кога ќе седнете во авион, сигурно го слушнате најдобриот животен совет што некогаш бил кажан: „Ако се случи да се изгуби притисокот во кабината, маските со кислород ќе паднат од покривот. Ставете ја прво вашата маска пред да им помагате на другите патници.“

Мора прво да ја ставите вашата маска. Ако не можете да дишите, не можете да понудите вредност. Мора вашиот кислород, енергија и среќа да ви бидат приоритет.

Мора да ви биде приоритет вашиот одмор за да имате енергија, желба и волја за максимално да го искористите семејниот одмор со вашите деца.

Автор: Крег Родни

Извор



912

X