Училиштето може да биде сурово опкружување за дете кое не е добро прифатено во друштвото. Но, ако мислите дека одвојувањето од друштвото може негативно да влијае врз вашето дете, само запрашајте се како низ животот поминале оние кул деца од вашата генерација?

Научниците веруваат дека треба да се замислат само оние родители чии деца се меѓу најпопуларните во училиштето.

Ако погледнете подобро, овие популарни деца често одат на забави, прерано започнуваат романтични врски или се обидуваат на некој начин да се вмешаат во животот на луѓето околу нив.

Најновите студии следеле околу 180 адолесценти во периодот од средно училиште до нивната 22-годишна возраст. Истражувањата покажале дека кул децата не можат да се снајдат во животот кога ќе им заврши средното образование. Повеќето, поради стрес, бидејќи ситуацијата околу нив се променила, подлегнале на дрога или некој друг облик на насилно однесување. Со цел да станат уште покул, подготвени се да земаат дрога, да консумираат алкохол и сл. Меѓутоа, нивната популарност опаѓа како што созрева генерацијата.

Ова истражување би требало да биде утешно за сите родители што се загрижени дека нивното дете не се вклопува најдобро во друштвото.

Наместо да се плашиме за нив, најдобро би било да ги советуваме да работат на себе. Во оној момент кога ќе дознаат кои се, што се и кон што се стремат, ќе пронајдат луѓе слични на себе. И тоа не мора да бидат кул деца, потребно е само да им бидат добри другари.



912

X