По две недели откако почнало училиштето, 8-годишниот син на Савана Гардинер се разбудил во 4 часот наутро жалејќи се на вознемирен стомак, лошење и болка во грлото. До следното утро нејзините две најмалечки деца, на 3 и 6 години, ги изгубиле гласовите.

– Се чувствуваа ужасно. Секое семејство се разболува на почетокот на школската година, но оваа година е различно поради пандемијата – вели таа.

Гардинер знаела колку е важно да се заштитат останатите деца од инфекцијата, па затоа одлучила да не ги пушти децата на училиште. Мерките на претпазливост на училиштето кое го посетуваа нејзините четири деца за време на пандемијата вклучувале дневни проверки на температурата и задолжителни маски.

– Не можете да го однесете детето на училиште ако има какви било симптоми, дури и ако станува збор за алергија. Мислам дека ова ќе биде новото нормално. Ќе мора да се приспособиме на начинот на кој учат и колку често можеби нема да одат на училиште – вели Гардинер.

Таа постапила правилно, вели Кристал Фингулин, училишна медицинска сестра. Ова е една од најпаметните работи што родителите треба да ги направат за учебната година да тече без проблеми.

Што се случува ако вашето дете се разболи на училиште?

Ако некое дете има симптоми, тогаш треба да остане дома. Најновите препораки се дека децата треба да останат минимум 10 дена по почетокот на симптомите. Ако ученикот пројави симптоми на училиште, тогаш треба да биде испратен во посебна просторија за изолација. Родителите треба да дојдат и да си ги земат своите деца, на кои не им е дозволено да се вратат дома со училишниот превоз.

– Иако се чини навистина агресивно, не смееме да испратиме потенцијално инфицирана личност на час – вели Гардинер.


Симптомите поврзани со Ковид-19 може да го отежнат разликувањето од обичниот вирус што циркулира наесен. Табелата на веб-страницата на Центарот за контрола и превенција на болести покажува значително преклопување помеѓу симптомите на Ковид-19, настинките, грипот, астмата, сезонските алергии и стрептокока во грло. Тоа е добра причина да бидете внимателни.

– Во моментов сите грешат затоа што се внимателни. Препораката е ако вашето дете има симптоми слични на настинка, вклучувајќи и течење на нос и кашлица, потребна е консултација со педијатар.

Може педијатарот да препорача тест за Ковид-19.

– Препорачуваме тестови за Ковид-19 кај децата кај кои се присутни сите симптоми на Ковид-19. Одлуката треба да се донесе заедно со педијатарот. Но, како што вели Тоти, времето честопати може да обезбеди поголема јасност. По неколку дена она што почнува како: – Дали ова е алергија или Ковид-19, брзо се развива во подобра идеја за тоа што се случува – вели таа.

Во меѓувреме, потребен ви е план. Дури и кога се грижите за болно дете, важно е да го минимизирате ризикот дека може да ги зарази и другите возрасни и деца во домот.

– Додека не знаете што се случува со вашето дете, треба да се обидувате да избегнувате близок контакт ако можете. Носете маски во домот, додека не утврдите што се случува – вели Тоти.

Освен тоа, почесто мијте ги рацете и редовно чистете го домот користејќи средства за дезинфекција.

Исто така, важно е внимателно да ги следите симптомите на вашето дете.

– На повеќето деца ќе им биде подобро. Но, на некои ќе им се влоши состојбата пред да им биде подобро – вели Тоти.


За време на пандемија, нагласи Тоти, важно е да повикате педијатар ако вашето дете е болно од што било. Дури и без закана од Ковид-19, Американската академија за педијатрија препорачува да се контактира лекар за температура која трае повеќе од 72 часа кај дете на возраст од 2 години или повеќе. Ако температурата продолжи во наредните пет дена, Тоти вели дека многу лекари ќе размислат за потемелна процена.

Дехидрираноста може да биде сериозен проблем: обрнете внимание ако вашето дете не може да ги задржи течностите, има сериозна дијареја или станува сè поуморно и поослабо; намаленото мокрење е уште еден знак на дехидратација.

Сличностите помеѓу симптомите на Ковид-19 и сè друго создава огромна главоболка.

Но, преземените чекори за борба против пандемијата имаат двојна должност кога станува збор за заштита од други заразни болести. Миењето раце, одржувањето на социјалната оддалеченост и носењето маски се неопходни за ограничување на ширењето на Ковид-19, а веројатно ќе го намалат и ширењето на сезонски настинки.
Лекарите забележале многу помалку настинки и болести од вообичаеното кај децата што се придржувале до строгите безбедносни мерки од минатата пролет. Носењето маски може да помогне во намалувањето на ширењето на грипот, што може да придонесе за релативно блага сезона на грип како на јужната хемисфера оваа година, велат истражувањата.

Автор: Џен Рос Смит

Извор



912

X