Вандализиран е објектот на детската градинка „Росица“, клон „Детелинка“, во скопската општина Ѓорче Петров. Општинските власти велат дека немилиот настан е пријавен до надлежните институции и го повикаа Министерството за внатрешни работи во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира.

Sидовите на објектот се ишарани во текот на ноќта. Состојбата утрово први ја затекнале вработените. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, бара итно пронаоѓање на сторителите.

– Го осудувам овој чин на вандализам насочен кон општествените добра. Ова се толкува како директен притисок и закана врз вработените во градинката. Апелирам до МВР итно и во најбрз можен рок да ги пронајде сторителите и да ги санкционира – вели Стојкоски.

фото: ФБ-профил на Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски,



912

X