Игротека

Вам ви е глупава, а децата полудеа по неа. Воспитувачка објаснува за популарната играчка попит

Сигурно сите родители слушнале за популарната играчка попит. Децата ја обожуваат, а еве што вели за неа воспитувачката и физиотерапевт Билјана Ристиќ од Србија.

– Кога првпат ја видов таа играчка, помислив дека е тотална глупост и дека тоа апсолутно не може да му биде корисно на дете. Кога малку подлабоко ја истражив и кога видов кои можности постојат и што може да се вежба, сфатив дека е корисна – вели Билјана и ги објаснила сите начини на кои оваа играчка може да биде многу креативна и корисна за децата.

– Децата може да се натпреваруваат, на пример, кое дете прво ќе ги испука сите точки со жолта боја, сите со зелена боја итн.

Таа предлага и варијанта на детето да му понудите дрвени или пом-пом топки, што и да имате дома. Детето ги зема со пинцета топките и ги реди боја на боја. Во исто време се учат боите и се вежба фината моторика. Можеме да му дадеме на детето задача да го користи само малиот прст и палецот и слично. Можеме, исто така, да ставаме вода во епрувети и да ги обоиме со различни бои. Тогаш можеме да им дадеме задача да истураат боја на боја – предлага Билјана. Можеме и да сокриеме џамлија под некоја површина, да го пуштиме детето да ја бара додека не погоди каде се наоѓа. Така децата меѓусебно се натпреваруваат.

фото извор: geeektech.com

Таа предложила уште една интересна игра. Можеме, на пример, и да фрламе коцка, па ако детето добие број 2 и виолетово, на пример, треба да кликне 2 виолетови полиња. Идејата е многу интересна и играчката всушност може да биде многу корисна.

Дури и логопедите и дефектолозите рекле дека ја користат во својата работа, додава Билјана.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top