Мајките што примиле вакцина против Ковид-19 имаат антитела во нивното млеко кои ги штитат нивните новороденчиња, покажува нова студија.

– Истражувањето посочува дека бебињата се заштитени од Ковид-19 бидејќи добиваат антитела преку мајчиното млеко по вакцинирањето на мајката. Не знаеме колку долго антителата ќе останат во мајките или кај децата. Имаме уште многу за анализирање – истакна д-р Џејсон Берд, истражувач и научник.

Пилот-студијата спроведена во медицинскиот центар „Провиденс“ во Портланд анализира 6 жени во лактациски период кои планирале да ги примат двете дози од вакцината на „Фајзер“ или „Модерна“ помеѓу декември 2020 и јануари 2021.

Кај нив потоа се забележани покачени нивоа на антитела во мајчиното млеко, почнувајќи од седмиот ден по првата доза од вакцината.

– Студијата обезбедува ветувачки резултати на потенцијална имунолошка придобивка за децата преку мајчиното млеко од мајките што примиле вакцина. „Фајзер“ и „Модерна“, претходно ги исклучија бремените жени и оние што дојат од нивните клинички испитувања. Според нашето знаење, студијата е првата што покажува дека вакцинацијата на мајката резултира со создавање специфични SARS-Cov-2 имуноглобулини во мајчиното млеко, кои може да ги заштитат новороденчињата – истакна д-р Бернард Фокс.

Истражувачите во студијата вклучиле план за продолжување на анализите во однос на имунолошкиот одговор кој се создава кај децата по вакцинирањето на мајките.

– Истражувањето кај жените во лактација и потенцијалната трансмисија на пасивен имунитет кон детето преку мајчино млеко е потребно за да се водат пациентите, здравствените работници и донесувачите на одлуки во текот на борбата со пандемијата – истакнале истражувачите.

Автор: Дарси Лорено

Извор



912

X