Во скопската Зоолошка градина се гради првиот Дино-парк. Овој тематски парк од забавно-едукативен карактер ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти, a кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни. Дино-паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.

Според проектот, предвидено е Дино-паркот да има два влеза, еден влез од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат распоредени сите придружни елементи – патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. Патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се надополни со ново.



912

X