Игротека

„Вадете ме оттука, се каам!“ – разгледница на дете што го насмеа регионот

Еден спомен од детството ги насмеа корисниците на социјалната мрежа „Твитер“, а и цела соседна Србија и регионот.

„Среќен 2 септември – распустот е готов, а мене денес мојата мајка ме потсети на едно писмо што им го испратив на моите родители од село на Златибор во текот на летниот распуст 2000 година“, напишал на својот твитер-профил Јован Симиќ, основач на Хуманитарната организација „Заедно за живот“.

Разгледницата што ја објавил ги насмеала корисниците на „Твитер“, а неговата објава многу брзо стана вирална. Имено, Јован им напишал на родителите неколку многу искрени реченици што ја опишале неговата моментална ситуација, па побарал помош:

 

„Драги мамо и тато, овде е грдо. Дедо не дозволува да седнеме на кревет бидејќи вели дека креветот е за лежење. Сега си игра 30 минути. Вадете ме оттука!!! Се каам. Не ми дозволуваат да одам со другарите на Рзав. Имам неколку прашања за вас – кога ќе добијам „сони“, како сте вие, како е цела зграда и кога ќе ме земете? Испратете ми писмо, ги очекувам сите одговори. Инаку, Мики е добро. ПОМОШ!“

„Ова е најдоброто нешто што сум го напишал некогаш, чиста драма во неколку чина“, додал авторот на оваа оригинална разгледница, која многумина ја коментираа и лајкнаа, а еден корисник на „Твитер“ во коментар споделил и свој краток состав од училиште.

„Хехехе, еве што сум напишал во 2001“:

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top