Истражувачите набљудувале повеќе од 1 милион деца под 9 години од Данска, а ги следеле до нивната 30-годишна возраст
Дали вадењето на крајниците уште како деца значи дека е поголема веројатноста да се појават респираторни инфекции на поголема возраст? Големо меѓународно истражување дава потврден одговор.
Истражувањето покажува дека кај децата кај кои се отстранети крајниците трипати е поголема веројатноста да имаат респираторни заболувања во подоцнежните години.
Истражувачите од Универзитетот во Мелбурн набљудувале повеќе од 1 милион деца под 9 години од Данска кај кои била направена ваква процедура. Ги следеле до нивната 30-годишна возраст.
Водечкиот истражувач д-р Шн Барс од Универзитетот во Мелбурн рече дека крајниците играат важна улога во функцијата на имунолошкиот систем, но досега имало мал број истражувања за ризиците во подоцнежниот живот кога станува збор за отстранување на органите.
Истражувачите откриле дека отстранувањето на крајниците довело до речиси тројно зголемување на релативниот ризик од болести на горниот респираторен тракт.
И отстранувањето на третиот крајник речиси двојно го зголемува релативниот ризик кај децата што развиле хронично опструктивно белодробно нарушување како возрасни.
– Долгорочните ризици од овие операции заслужуваат внимателно набљудување – вели д-р Шон.
Според авторите, резултатите сугерираат дека раното отстранување на крајниците и на третиот крајник може малку, но значително да ги наруши процесите важни во подоцнежните години, така што не изненадува тоа што нивното отстранување може да го зголеми ризикот од подоцнежни респираторни и заразни болести.
– Резултатите од ова истражување даваат важни информации за хирурзите и докторите, така што тие треба да разговараат со родителите – вели професорот Мајкл Абрамсон од Универзитетот Монаш.