Игротека

В сабота забава со Биби во ГТЦ. Дојдете да се дружиме и да се радуваме!

На Новата година најмногу ѝ се радуваат децата. Правиме сѐ за да уживаат во што поголема магија и да бидат среќни. Мисијата на „Светот на Биби“ е да им создаде еден волшебен свет на децата во кој ќе растат безгрижно.
На 28 декември (сабота) во 12 часот ве покануваме да дојдете на платото пред катчето на Биби (I кат – Градски трговски центар) и заедно да уживаме во предновогодишната магија.

Биби ќе ги пречека со многу љубов, песнички, радости на настанот што го нарековме „Трепкај, трепкај, елкичке“. Песничката на Биби, која ја напиша Ангел Ќосев, ја промовиравме токму пред една година и стана вистински хит.
Дојдете да се забавуваме и да се радуваме!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top