Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 14 декември, сабота, ќе биде работен и за градинките на територијата на државата, поради одлуката што ја донесе Владата тој ден да биде работен за вработените во државните институции, со што ќе се одработи 2 јануари 2019 година кој беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

МТСП ги извести управите на градинките дека 14 декември 2019 година, сабота, ќе биде работен ден за вработените во државните институции и јавните општински установи детски градинки.

Од МТСП информираат дека ги известиле градинките дека децата што имаат потреба од згрижување на 14 декември треба да бидат прифатени во детската градинка и согласно тоа, ги задолжиле да направат организација за прием и згрижување на децата.

– Министерството за труд и социјална политика ги информира градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Препорачано е родителите навреме да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата – се додава во соопштението.



912

X