Се будам сега јас

И си пеам на цел глас

Сонце силно свети

Пушта зрак

Денот убав е

Ајде сите со мене

Другарка ваша Биби е

Со овие стихови Биби ве поканува в недела во 19 часот на нејзиниот јутјуб-канал премиерно да ви ја изведе својата втора песничка. „Биби јееј“ е најновата содржина од „Светот на Биби“. Новогодишната песничка на Биби „Трепкај, трепкај, елкичке“ стана вистински хит меѓу децата и за само неколку недели истата беше преслушана повеќе од 130.000 пати.

Во студиото „Подрумот“ во Скопје неодамна беше снимена и песната „Биби јееј“. За музиката повторно се погрижи композиторот Ангел Ќосев. За текстот се погрижи Билјана Црвенковска, а ја изведува актерката Слаѓана Вујошевиќ.



912

X