Пламенка Трајковска гудачки квартет ќе реализира концерти на класична музика за деца со наслов „Музика и танц“. Концертите ќе се одржат на 19 декември – недела во Домот на АРМ, со почеток во 11 и во 13 часот. Билетите за концертите се продаваат преку дистрибутивните мрежи на „Карти мк“ и „Купи карти за сѐ.
На програмата се дела од познати класични композитори како Бокерини, Моцарт, Бизе и Хендел. Изборот на композициите се дела на кои во минатото се танцувало, како менуети, валцери, танго и други композиции.

Во гудачкиот квартет, покрај нашата виолинистка Пламенка Трајковска, ќе настапат и Сандра Крстевска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.
Пламенка Трајковска и нејзините колешки досега реализирале голем број концерти за деца со намера да ја доближат класичната музика до нив. Концертите ги реализираа на концертни сцени во училишта и на отворени простори во Скопје, Ресен, Кичево и во Дојран.

На нивниот репертоар се концертите за деца со следните наслови: Гудачки квартет во наше маало, Моцартисимо, Музика и цртан филм, Што е тоа… гудачки квартет, Музика и танц и Карневалот на животните.

Пламенка Трајковска го издаде и првиот македонски носач на звук со класична музика за деца „Карневалот на животните“ во адаптација за виолина и пијано и успешно се пласира на најголемите дистрибутивни музички мрежи како „Ајтунс“ и „Амазон“.
Концертот е во организација на Пламенка Трајковска – мали камерни состави и се реализира со поддршка на Министерството за одбрана.



912

X