Иако снегот сè уште не е пристигнат во Маврово, тоа не значи дека не може да уживате во планинскиот воздух и природните убавини кои ги нуди ова место, а воедно и да се забавувате со одлична музика.

Овој викенд Маврово организира забава за сите возрасти, почнувајќи со концертот на „Нокаут“ во Спортската сала – Ресорт Маврово, кој ќе се одржи утре, 14 јануари, со почеток од 20 часот.

Атмосферата ќе ја загреат Никола ЗАЦ и Мелем, а во финалните часови екипата на Chvare ft. Goce Saf //Funky Fresh// ќе понуди добри битови. Резервирајте си место навреме!
В недела најмалите ќе имаат можност да се забавуваат со Биби од „Светот на Биби“, на суперзабавниот концерт со почеток од 11 часот. Биби ги повикува сите деца да дојдат да се дружат, да играат, да пеат и заедно да го прослават Светскиот ден на снегот.



912

X