Промоцијата на публикацијата „Од игра до претстава – театарски практикум“ од авторите Игор Ивковиќ и Афродита Кирјаковска ќе се одржи утре (среда) во големата сала на Младинскиот центар „Матично“, во 12 часот.

Станува збор за првиот театарски практикум во земјава, наменет за деца од предучилишна и училишна возраст, за нивните обучувачи, наставници, едукатори, но и за сите оние што сакаат низ креативните театарски игри да ги откриваат тајните на сценската уметност.

Во практикумот се поместени стотина практични театарски игри, поделени во осум тематски целини, со чија примена се поттикнува креативноста, личните емоционални, интелектуални и социјални компетенции кај децата и младите. Сите овие игри се практикувани во десетгодишната континуирана едукативна практика на Здружението за културно-уметничка едукација „Од игра до претстава“.

Промотори на изданието ќе бидат: Снежана Коневска-Руси, актерка, режисерка, пантомимичар и театарски едукатор, и Милка Тримчевска, наставник по македонски јазик со децениска педагошка и едукативна практика.



912

X