Образование

Утре нема да се оди на школо – неработен ден во Скопје

Согласно последните организациски процени поврзани со протоколот за посетата на папата Франциск и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата донесе одлука утрешниот ден, 7 мај, да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на град Скопје.

Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција.
Владата им препорачува и на приватните компании, особено од централното градско подрачје, да ја прифатат одлуката овој ден да биде неработен и за вработените во овој сектор, и на тој начин да го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на папата Франциск.
Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top