Беше напорен ден. Додека те заспивав, бакнувајќи го твојот со солзи ишаран образ, стоев над тебе и тешко дишев. Баш како што пишува во книгата што ја прочитав, 4 секунди броев од вдишувањето, па повторно 4 до издишувањето. Едвај ги задржував солзите да не тргнат по моите образи. Уште еднаш ти кажав дека те сакам и дојдов до вратата на твојата соба, те помилував со погледот и излегов. Ми требаше момент насамо да ги слушнам своите мисли. Нашата врска е моја радост, а ти си мојата светлина – осветлуваш сè што ќе допреш, го осветлуваш моето доживување на светот и ме носиш далеку над моите можности. Да се биде твоја мајка е најдоброто нешто што ми се случило во животот. Иако не знаев што да очекувам, односно какво чувство ќе биде тоа, она што го добив е неизмерлива поврзаност. Љубовта кон тебе никогаш не можев да ја предвидам.

Се сеќавам на разговорот на еден појадок со неколку пријатели кога реков дека ќе бидам одлична мајка. Не добра, не доволна, туку одлична мајка. Бидејќи ти тоа го заслужуваш. Од почетокот знаев дека го заслужуваш најдоброто. За да се снајдам во новото мајчинство, инстинктивно барав знаење, читајќи книги и текстови, како и мислење на експерти. Постојаната консумација на материјали ме направи изморена и тапа. Ми ја исполни главата со толку гласови што се чувствував оддалечена и одвоена од сите и покрај моите најдобри напори. Единственото во кое бев сигурна е дека не сум онаа најдобра верзија од себе што ветив дека ќе ја добиеш.

Во најцрните денови се чувствував засрамена поради ова сеќавање и незнаење кое дојде со мојата нова улога на твоја мајка. Но, сега со сочувство се смеам на мојата непоколеблива лојалност кон тебе. Не постои подготовка на она што нè чека кога ќе станеме родители. Ниту еден курс не може да навлезе подлабоко во нашите чувства. Родителството е светло и мрак. Тешко е и лесно. Извесно и несигурно. Родителството е нешто што не може да се контролира во секој сегмент.

Реалноста е дека многумина од нас се стремат кон идеализирана слика на родителството. Многумина се сопнуваат поради тоа, бидејќи факт е дека и покрај тоа што нашите деца заслужуваат, она што ние можеме да им го дадеме е токму она што и ние самите сме. Мораме да работиме на себе, да ги исцелиме своето срце и ум, за на нашите деца да можеме да им дадеме достојна емоционална интелигенција и поврзаност.

Родителството е непријатен и напорен процес. Процес кој не е совршен, исто како и ние. Но, тоа е можеби и најважно што треба да го знаете, дека тоа е процес и работа која можеби нема секогаш да знаете да ја завршите добро или правилно, но важно е низ неа да чекорите храбро!

Избери љубезност, љубопитство и емпатија и тие нека те водат во тешките денови!

Понекогаш многу родители нема да знаат што да направат во одредена ситуација. Јас не знам што да направам понекогаш, но она што го знам и во кое сум сигурна е дека сè што сакам е ти да се чувствуваш сакано и сигурно. Да знаеш дека ми припаѓаш мене, на ова семејство и на нашиот дом. Дека нашиот однос е важен, дека вистински те гледам, поддржувам и те ценам. А еден ден кога и ти ќе навлезеш во родителството – или некоја тешка транзиција – да се чувствуваш сигурно во себе, во својата вредност како личност. Дека наместо да бидеш ограничен од моите маани, ќе бидеш воздигнат преку мојот раст, па кога и да се намали мојот капацитет, твојот ќе расте.

Утре е нов ден, сладок сине. Свети со твојата прекрасна светлина.

Автор: Меган Хрст

Извор



912

X