Медицината секојдневно се развива и достигнува нови нивоа на иновативност со цел полесно решавање на здравствените проблеми. И во текот на бременоста кај жените можно е да се појават низа компликации. Честа појава е и поставеноста на плодот во утробата на мајката. Познато е дека соодветна положба за бебето е да биде поставено со главата надолу, но се случува и да настане обратна ситуација.
Во следното видео погледнете како медицинските лица, употребувајќи ја нивната стручност и соодветна апаратура, успеваат да извршат ротација на плодот. Бебето, кое е поставено со главата нагоре, успешно го ротираат во соодветна положба за породување.