Резултатите од новите долгогодишни научни студии покажаа значителен пад на интелигенцијата кај помладите луѓе.
Новата студија ја спровеле експерти од Норвешка со помош на 730.000 теста за интелигенција. Студијата покажала загрижувачки резултати, особено по правилата на Флинов ефект.

Научникот Џејмс Флин од Нов Зеланд утврдил дека просечниот коефициент на интелигенција на населението во многу делови од светот се зголемува за три бода по деценија.

Кој е виновен што децата се помалку интелигентни?

Компјутерите, паметните телефони и социјалните мрежи. Родителите кои не им посветуваат доволно внимание.
Новото научно истражување ги покажува тестовите на младите од Норвешка на возраст помеѓу 18 и 19 години кои се тестирани за време на задолжителна воена служба. Од 1970 година до 2009 година тестовите ги решавале лицата родени помеѓу 1962 и 1991 година.
Резултатите покажале дека промената кај Флиновиот ефект се случила по 1975 година, така што кај секоја следна генерација се евидентирани седум поени помалку.

Студија која ги опфаќа британските тинејџери покажала дека во 2009 година коефициентот на интелигенција кај четиринаесетгодишните, за 28 години, во просек паднал за два поена, а кај децата од средната класа дури за шест.
Сите експерти истакнуваат дека тоа не е поврзано со генетиката, туку со лошото воспитување, начинот на кој младите го минуваат своето време, како и времето кое (не) го поминуваат во читање.
Другата можност што дава мала утеха е дека современите тестови не се приспособени на правилен начин да ја вреднуваат современата интелигенција, односно дека фаворизираат застарени начини на размислување кои сè помалку се нагласуваат во современото образование и воспитувањето на младите. Тестовите на интелигенција имаат цел да ја измерат кристилизираната и флуидната интелигенција.
Флуидната интелигенција е збир на способности кои се повеќе биолошки одредени, а важна е при решавање нови проблеми во кои знаењето и искуството не се од голема корист.
Таа е еден вид природна интелигенција која претставува потенцијал за развивање на кристализираната интелигенција, а интензивно се развива до адолесценцијата, и својот врв го достигнува на 16 или 17 години.

Кристализираната интелигенција е збир на знаењето, вештините и способностите што поединецот ги развива во текот на животот.



912

X