Иако новороденчињата можат да спијат и по 17 часа на ден, тие треба да се хранат на секои два до три часа. Со други зборови, ќе помине одредено време откако ќе се родат бебињата додека конечно не добиете осум часа непрекинат сон. И, како што покажал еден корисник на „Тик-ток“, понекогаш може да се чувствувате како да сте „родител и во сон“. Што е тоа? Тоа е како месечарење, но со бебе.
Патриша Стоун е млада мајка која на својот „Тик-ток“ објавила урнебесна снимка од нејзиниот свршеник кој ниша невидливо бебе за да покаже како всушност изгледа суровата реалност на родителството и лишувањето од сон.
„Кажете ми дека штотуку сте добиле бебе без да ми кажете дека сте добиле бебе. Јас ќе бидам првата“, вели Патриша додека гледа во камерата. Нејзиниот свршеник Даниел се појавува на екранот. Косата му е собрана, со едната рака ги трие очите, додека во другата држи невидливо бебе. Вистинското бебе е во лулката, но Даниел сепак продолжува да го ниша бебето.
Урнебесното видео досега го погледнале речиси милион луѓе, а во него се пронашле многу новопечени родители. „Ова сме мојот сопруг и јас буквално секоја вечер. Понекогаш се фаќам себеси како нежно се нишам в место мислејќи дека го држам бебето, а тоа спие во креветчето во својата соба“, напишала една мајка која се соочила со сличен проблем.
@patriciastoneathome sleep daddy-ing. #newparents #sleepdaddy #mom #momsoftiktokclub #dad #dadsoftiktok #momlife #newborn #newbornbaby #sleep #nosleep #illgofirst ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey