Витни и Даниел Лаусон веруваат дека кога станува збор за воспитување, хуморот и смеата се вистински рецепт. Неодамна Витни го снимила Даниел како ги повторува вечерните рутини пред спиење на нивната 8-годишна ќерка Каденс. Судејќи по тоа како видеото помина меѓу интернет-корисниците, може да се каже дека речиси сите семејства можат да се пронајдат во истата приказна.

– Нашата ќерка постојано нѐ смее. Знаевме дека ќе биде урнебесно и доста смешно ако ја имитираме. Кога улогите ќе се променат, навистина е смешно – вели Витни.

@theawesomelawsons

Our evening routing with our daughter. 😂 #parenting #kids #momlife #wildkids #parentsvskids

♬ original sound – Whitney Lawson

Од тоа како Каденс ги фрла ранецот и обувките, до моментот кога ќе влезе дома, до барањето житарица за вечера во пижами со еднорог, Даниел е навистина смешен и доловува како се однесуваат повеќето 8-годишници.

Со оглед на тоа што првото видео имаше повеќе од 14 милиони прегледи, семејството создаде уште еден смешен клип каде што ја прикажува утринската рутина на нивната ќерка, а видеото повторно стана вирално меѓу родителите кои ги препознаа истите навики и моменти од подготвувањето за на училиште кај нивните деца.

@theawesomelawsons

Part 2, morning routine with our daughter! 😂 #parenting #kids #momlife #wildkids #parentsvskids #kidsvsparents

♬ original sound – Whitney Lawson

Извор



912

X