Бременоста исцрпува и донесува низа неочекувани промени. Потоа пристигнува бебето и животот дополнително се комплицира. Како што расте бебето, така животните ситуации стануваат уште послатки, но и комични. Бебето повеќе бара, мајката е поизморена, а уште не дошло време ниту да се врати на работа, покрај сето тоа. Потоа следуваат и слатко-горки маки по првиот роденден, потоа маките во градинка, па животот одеднаш станува вистинска слатко-смешна приказна.

Сите тие фази ги прикажува илустрацискиот проект „Кос ог Каос“ (Галење и хаос), чиј автор е Лине Северинсен, мајка на две деца. Илустрациите се резултат на нејзиното искуство и реалните мајчински проблеми. „Мислам дека нема шанса ниту еден друг човек да не се чувствувал и изгледал како мене. Затоа сакав да создадам илустрации за да им помогнам на луѓето да сфатат дека не се сами и дека е во ред понекогаш да се чувствуват и однесуваат помалку совршени“, вели таа. Неколку нејзини илустрации, кои ќе ве насмеат, може да ги погледнете во продолжение.

Извор



912

X