Речиси 170 милиони деца во светот ја немаат примено првата вакцина против мали сипаници, според податоци за периодот 2010-2017 година, соопшти УНИЦЕФ. Од нив половина милион се во Велика Британија и 2,5 милиона во САД. Повеќе од 21 милион деца годишно не примаат таква вакцина, додава УНИЦЕФ.

Во првите три месеци од 2019 година во светот се регистрирани 110 илјади случаи на мали сипаници, што е за 300 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Според податоци на УНИЦЕФ и на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на лица заразени од мали сипаници продолжува да расте.



912

X