Шелби Хоефлинг и нејзината 96-годишна баба Патриша имаат неверојатна врска. Тие уживаат да одат на сладолед, да играат игри и да танцуваат заедно. Всушност, Шелби има профил на „Тик-ток“ кој најмногу го посветува на забавата со бабата Патриша.

Откако животот ги разделил, Шелби решила да ѝ го приреди животното изненадување на баба си Патриша и патувала повеќе од 1.500 километри за да ја види. Таа сепак одлучила да не го објави своето доаѓање. Патриша поминува половина година во Боилинг Спрингс, Пенсилванија, а другата половина во Форт Пирс, Флорида. Шелби, која сè уште била во Пенсилванија, не ја видела Патриша шест месеци. Кога слетала на Флорида, без да каже никому, решила да ја изненади својата баба.

Таа ставила престилка и се преправала дека е келнерка, но на баба ѝ не ѝ требало многу време за да ја препознае. „Изненадувањето и задоволството на нејзиното лице беа неописливи. За малку ќе ѝ предизвикав срцев удар“, напишала Шелби.

@shelbyhoefling I think thats a no? #tortillachallenge ♬ original sound – Shelby Hoefling

Оваа средба трогнала илјадници луѓе, кои го изразиле своето задоволство во коментарите, а некои се осврнале и на односите со нивните баби. „Ова ме расплака! Баба ми многу ми недостига! Сакајте ја и поминувајте што повеќе време со неа“, напишало едно лице.

Ова не е прво изненадување што Шелби ѝ го приредила на својата сакана баба. Откако дознала за страста на Патриша за „Rockettes“, познатата американска танцова група, Шелби организирала патување во Њујорк само за нив две, каде што го виделе нивниот настап и прекрасно си поминале.

Извор



912

X