Многубројни истражувања посочуваат дека уметноста е позитивна во која било годишна возраст, но раното детство e идеален период каде што е потребно децата да учат за различните уметнички дисциплини
Уметноста е креативен начин на третирање на стресот и анксиозноста кај децата.
Но, исто така, има позитивно влијание врз нивниот когнитивен и физиолошки развој.
Активностите поврзани со неа им помагаат на децата во развивањето на визуелните, моторичките и социјалните сегменти.
Најголемата нејзина функционалност произлегува од нејзиното средство како начин на комуникација за искажување на мислите и чувствата.
Многубројни истражувања посочуваат дека уметноста е позитивна во која било годишна возраст, но раното детство e идеален период каде што е потребно децата да учат за различните уметнички дисциплини.
Што развиваме користејќи ја уметноста?
Држењето на четката и цртањето со боички се есенцијални за развивање на овие способности. Тие ни помагаат во развивање на моторичките способности.
Јазичниот развој е присутен кај малите деца во процесот на креирање уметност или зборување за уметноста учејќи за боите и формите. Што се однесува до основните училишта, учениците можат да го вербализираат она што го нацртале или, пак, да зборуваат за предизвиканите чувства кај секој од нив кога гледаат одредено уметничко дело.
Уметноста помага во делот на решавање проблеми и развивање на критичното размислување, односно во делот на донесување одлуки.
Цртањето и правењето фигури од глина придонесуваат во развојот на визуелно-спацијалните способности.
Имагинацијата е поважна од знаењето затоа што таа е јазикот на душата. Tука започнува слободата. Важноста на мисловното креирање и креативната адаптација на личниот простор преку визуелно проектирање на сопствените желби
„Секое дете е уметник, проблемот е како да останеме уметници кога ќе пораснеме“, Пабло Пикасо. Креирање на свој личен простор каде што сме во допир со најимагинативните и најкреативните делови од себеси
Со помош на уметноста учат за културните разлики, особено во делот на прифаќање на уникатноста и различноста на луѓето.
Имаме толку многу придобивки од неа и она што треба да го направиме е да не ја изоставиме од секојдневието на детето. Во исто време, за него тоа е забава, креативност и развој.
Од оваа изолација, на пример, можеме да излеземе побогати за 26 букви од англиската азбука проследени со 26 уметници, па така и интересно и забавно да повежбаме за овој предмет.
На следниот ЛИНК можете да ги пронајдете буквите од англиската азбука креирани од графичкиот дизајнер Ѓорѓи Десподов, каде што секоја буква е посветена на одреден значаен уметник.
Како предлог и водена од искуството што го имам како едукатор со деца, можат секој ден да учат за различен уметник и да ги гледаат нивните дела. Може и да ги обојат и да разговарате со нив што е тоа што го гледаат на дадените слики и кои емоции се будат во нив.
Верувам дека ќе уживате во овој процес на кокреација проследен со нивно учење и интерпретација. Од овој процес ќе излезат побогати со знаење и со повеќе бои во нивниот имагинативен свет.
Уметноста е цел со која се охрабрува процесот на размислување и креирање нови нешта!
912