Воспитување

„Улогата на жените никогаш потешка“ – гувернерот на Калифорнија со признание за жените

Пандемијата со коронавирусот ги промени практично сите аспекти на нормалниот живот во многу краток рок. Пред само еден месец децата одеа на училиште, луѓето редовно одеа на работа, постоеше рутина која беше сосема нормална за сите нас. Се будевме, се спремавме и тргнувавме да ги завршиме своите редовни задачи. Сега, кога сите сме дома, се обидуваме со сета сила да се снајдеме и да издржиме во овој нов „нормален“ свет. Кај некои среќници што работат од дома ова ново нормално вклучува балансирање на работата со емоциите за време на социјалната дистанца. Мајките, меѓутоа, имаат многу поголем товар од тоа.

Со години наназад се дискутира за тоа дека жените всушност се тие што го одржуваат целото семејство и дека дефинитивно се емотивно оптоварени. Сепак, промените што ги донесе пандемијата го прават тоа оптоварување уште поголемо. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, го сфатил ова, па решил да им се заблагодари на сите жени, особено на мајките и професорките, што на грбот носат таков товар.

– Доброто нешто што треба да го направиме за нашите деца, за родителите, за домаќинствата, за заедницата, е да се осигуриме дека се подготвуваме денес за поставување училишен систем кој ќе се движи по нагорна линија, со зголемување на часовите, но од дома – истакнал гувернерот на прес-конференција. Тој е татко на четири деца, па продолжил да објаснува дека му е јасно колку ќе бидат тешки следните неколку месеци за родителите.

– Сите родители, милиони од вас, кои можеби чувствувате анксиозност поради тоа што училиштата можеби нема да се отворат, сигурно сте го помислиле тоа, но сте сакале јасно и да го слушнете, па се надевам дека токму тоа ви го обезбедувам денес. Дозволете ми да изразам длабока почит и емпатија, особено кон мајките – рекол гувернерот.

Откако кажал дека неговата сопруга, документарист по професија, Џенифер Сибил Њусом, извршува „херојска работа“ во одгледувањето на нивните деца, сите на возраст под 10 години укажал на фактот дека стресот во овие ситуации е огромен за мајките.

Тој додал дека постои таканаречена „родова реалност“ за која треба да се зборува за време на кризата со Ковид-19. Мајките се тие што се насочени и кон емоционалниот дел во домаќинството, а со оглед и на притисоците од финансиската неизвесност поради глобалната пандемија, мајките едноставно се премногу оптоварени, истакнал гувернерот.

– Мајките веќе носат огромен товар во однос на одржување на домаќинството. Тие исто така се и вработени, а голем дел од нив се и наставници, па треба да обезбедат и онлајн-едукација за учениците, да се справат со стресот и анксиозноста, да се грижат за сите деца што ги сакаат и да се осигурат дека и нивните деца се безбедни и ја добиваат потребната грижа – рекол Њусом.

фото: YouTube

Многу е потешко за мајките отколку во нормални услови, особено бидејќи засега не се гледа крајот на сето ова. Мајките имаат многу обврски дома – учат со децата, готват, чистат, ги забавуваат, купуваат намирници, се грижат за здравјето на саканите и како врв на сето тоа, имаат сопствени работни обврски. Се разбира дека и татковците учествуваат во сето тоа. Сепак, ние сме во општество во кое е целосно јасно дека поголемиот емотивен товар го носат мајките, во повеќето случаи.

– Се работи за навистина стресен и фрустрирачки период. Прашање е до кога ќе трае, но и постои страв дека ситуацијата ќе се влоши, што дополнително ни отежнува. Кога на сето тоа ќе се додадат потребите за продуктивност на работа, но и среќата и благосостојбата на семејството, тоа навистина ги преоптоварува емоциите. Еден факт, кој можеби само малку ја олеснува ситуацијата, е дека не сте сами, не сте само вие, не е само вашето семејство и не е само вашата куќа. Сите се чувствуваме така и сите сме во ова заедно.

Автор: Џен Мекгвајер

Извори: Romper.com/Yumama.com

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top