Воспитување

Учителка советува кои 4 работи не треба да ги прават родителите

Кога работите како учител, учите многу за децата и за себе. Затоа Мелиса Салгуеро несебично го споделува со другите своето богато искуство стекнато од 15 години работа во училницата на музичко училиште. Таа ги открива четирите работи што родителите никогаш не треба да ги прават.

Никогаш не казнувајте го вашето дете за лоши оценки

Ако вашето дете се врати од училиште со лоша оценка, обидете се да не го карате. „Казнувањето на детето за лоши оценки може да има негативен ефект врз неговата мотивација и љубов кон учењето“, вели Салгуеро, која ја добила наградата за најдобар музички едукатор за 2018 година. Таа посочува дека зголемената анксиозност и намалената мотивација и губењето на самодовербата, се некои од можните последици кај децата казнети за лоши оценки. Затоа, наместо казна, дајте му на детето потпора. Покажете разбирање и сочувство.

Никогаш не пропуштајте го училишниот настап на вашето дете

„Одењето на училишните настани на вашето дете, како што се претставите, е важно бидејќи покажува дека се грижите и ја цените напорната работа на вашето дете“, вели Салгуеро. Таа додава дека присуството на вакви настани им овозможува на родителите да воспостават подобри односи со наставникот на своето дете.

Никогаш не обесхрабрувајте го вашето дете да прави грешки

Грешките не се само неизбежна реалност, туку и можност детето да научи нешто за себе. Преку решавање проблеми, децата градат самодоверба и стануваат издржливи. „Со тоа што им дозволуваме да прават грешки, ние им покажуваме дека веруваме во нив и дека сме тука да ги поддржиме“, објаснува Салгуеро.

Никогаш не подарувајте им шолји за кафе на наставниците

И, конечно, едно практично правило. „Имаме доволно шолји“, додава учителката. Ако навистина сакате да му покажете на наставникот дека направил разлика во животот на вашето дете, размислете за рачно изработена картичка или цртеж од детето.

„Најважниот подарок што некогаш сум го добила е благодарноста. Тоа е сè што ни треба како наставници“, заклучила таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top