Воспитување

Училиште во кое не постојат оценки и класични часови

Антон Оберландер е убедлив говорник. Изминатата година тој и група пријатели успеале да ја убедат железницата да им даде бесплатни билети за патување. Треба да се спомене дека Антон има 14 години.

Училиште со нов пристап на предавање

Самодовербата на овој берлински тинејџер е резултат на уникатна образовна институција која ги менува правилата на традиционалното предавање. Во училиштето на Антон нема оценки сè додека учениците не наполнат 15 години и нема класични предавања. Учениците откриваат кои предмети сакаат да ги учат, која лекција и што сакаат да полагаат на тест.

Задолжителните предмети во училиштето се математика, германски јазик, англиски јазик и социјални науки, со што се земаат и предмети како „одговорност“ и „предизвик“. Како предизвик, учениците на возраст од 12 до 14 години добиваат 150 евра за да одат на авантура која целосно ќе ја испланираат самите. Некои одат да возат кајаци, а други да работат на фарма.

Филозофијата на ова училиште е едноставна: како што се менуваат барањата на пазарот на труд и телефоните и интернетот го менуваат начинот на кој младите ги користат информациите, најважната вештина на училиште станува способноста за мотивација.
Ова училиште е Евангелискиот образовен берлински центар. Таму се обидуваат да го променат концептот за добивање образование.

Целта е да се приспособат младите кон промените во општеството

„Мисијата на прогресивното училиште треба да биде да се подготват младите луѓе за соочување со промена или уште подобро, да се поттикнат да ја очекуваат промената. Во 21 век училиштата треба да сфатат дека нивна работа е да развиваат силни карактери“, велат од училиштето.

Учениците во ова училиште се охрабрени да размислуваат на други начини за да ги докажат своите стекнати вештини, како да програмираат компјутерска игра наместо да решаваат тест по математика.

Училиштето постои од 2007 година, кога имало само 16 ученици. Денес, училиштето работи со полн капацитет со 500 ученици и има долги листи на чекање за нови пријавени.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top