Основно училиште во Вифелштед, Долна Саксонија воведе четиридневна работна недела за повеќе од 300 свои ученици. Поради недостиг на наставен кадар, децата на училиште ќе одат само четири дена во неделата. Имено, две бремени учителки добија забрана за работа затоа што може да се заразат со коронавирусот, а друга професорка отсуствува подолго време.

Планот неодамна стапи во сила, а тој предвидува еден ученик од 2. до 4. одделение да мора да остане дома еден ден во неделата. Бидејќи има пет паралелки првачиња, тие се распоредени во два дена.

Во училиштето треба да има престој за децата кои не можат да останат сами дома. Нејасно е до кога треба да важи регулативата, што предизвика незадоволство кај родителите.

– Во моментов се коцкаме со иднината на малите луѓе кои подоцна ќе го држат нашето општество – изјави претставникот на родителите, Даниел Симен.

Родителите се револтирани затоа што нема кој да се грижи за нивните деца еден ден во неделата кога тие не се на училиште.

– Ковид-пандемијата и ограничувањата поврзани со неа долго време беа огромен товар за учениците, а сега се додаваат дополнителни ограничувања – вели Симен.

Извор



912

X