Комуникацијата е важна, па затоа уште додека се мали децата, таа треба добро да се воспостави кај нив. За комуникацијата да биде ефективна, децата треба да развијат добри вештини за слушање, самоконтрола, да користат добра граматика и да имаат сочувство. Еве неколку начини на кои можете да му помогнете на вашето дете да комуницира ефикасно:

Вклучете ги децата во разговорите. Децата што се вознемируваат или се срамат кога разговараат со други треба да бидат охрабрувани  да започнат разговор со своите другарчиња од училиште. Со ова ќе им се постави основа за самодоверба и ќе можат полесно да разговараат и да ги споделат своите мисли со другите.

Бидете отворени. Додека разговарате со вашето дете, покажувајте разни чувства, како лутина, радост, фрустрација, страв и вознемиреност. Ова ќе им помогне да знаат како да реагираат на различни теми.

Почнувајте разговор насекаде. Можете да разговарате додека подготвувате вечера или додека одите на училиште. Разговорите не треба да бидат ограничени, може да разговарате за нивните омилени предмети и зошто баш тие им се омилени. Може да разговарате и за нивните омилени рецепти и како тие можат да научат да готват. Запознајте ги со нови зборови и нови концепти.

Разговарајте за дневните активности. Постојат различни активности што се случуваат во текот на денот. Прашајте го детето во кои активности учествувало и слушајте го. На пример, прашајте го што јадело? Кои игри ги игра? Поставувајте низа прашања за да биде интересно. Сепак, раскажете му и за вашиот ден. Ова ќе го поттикне да научи да комуницира, но и придонесува повеќе да се поврзете со детето.

Модел за разговорни вештини. Јазикот на телото и изразот на лицето се многу важни додека комуницирате бидејќи тие покажуваат за што некој размислува, на пример, дали е вознемирен, среќен, фрустриран и многу повеќе. Дозволете му на детето да одржува контакт со очите; тоа ќе помогне да не му се одвлекува вниманието додека разговара со некого, но исто така значи дека ја почитува личноста со која разговара.

Развијте култура за читање заедно со вашето дете. Читајте со вашето дете, така тоа ќе научи да размислува.

Прашајте го за неговото мислење. Направете вашето дете да се чувствува важно, ако има некоја интересна тема на телевизорот, вклучете го во разговорот, побарајте негово мислење и критики за некоја идеја, може дури и за политика. На пример: „Дали мислиш дека оваа личност треба да победи на изборите? И зошто?“ Поттикнете го да размислува.

Мотивирајте го да пишува дневник. Ако детето ги пишува дневните активности, ќе знае што треба да прави во одредено време секој ден. Лесно може да ги сподели со своите пријатели обврските што ги имаат тој ден. Ова ќе го спречи безделничарењето.

Поставувајте отворени прашања. Таквите прашања бараат многу одговори. Ова може да му помогне на детето да размислува широко и да ги стимулира различните дискусии и аргументи.
Дозволете да размислува и да се изразува.

Учете ги децата да не даваат одговори со „не“ или „да“ дури и кога имаат еден одговор, наместо тоа, треба да имаат свои ставови и објаснувања во врска со вашите прашања.

 



912

X