Образование

Ученици од Ѓорче Петров освоија две злата, сребро и бронза на Меѓународниот натпревар „Математика без граници“

Голем успех за учениците Јана Спасова, Искра Спировска, Михаил Лалевски и наставничка Анкица Спасова од Општина Ѓорче Петров на Меѓународниот натпревар „Математика без граници 2026“.

На свечената церемонија во Несебар, координаторот на тимот на Република Северна Македонија, Анкица Спасова, ја доби главната награда од градоначалникот на Несебар за наставници, како признание за нејзиниот придонес во развојот на младите математички таленти.

Со освоени места и медали се вратија учениците од Општина Ѓорче Петров:
Јана Спасова (ООУ „Мирче Ацев“) – два златни медали и I место (злато-пехар) – победник на Tournament Cup во својата возрасна категорија.
Искра Спировска (ООУ „Тихомир Милошевски“) – сребрен медал.
Михаил Лалевски (ООУ „Тихомир Милошевски“) – бронзен медал.

Честитки до целиот тим!

Поврзани написи

To top