Точно е дека воспитувањето се стекнува од дома. Но, секој дом си има своја приказна, а како што вели и Толстој: „Само среќните семејства си личат едни на други“. Затоа, не чудете се ако некој ден вашето дете се врати од училиште со псовка за која вие никогаш до сега не сте слушнале.
Колку и да е тешко да се прифати фактот дека вашето дете помни се што слушнало на училиште, морате да бидете истрајни при учењето на добро однесување и убави манири.
Ова се само дел од убавите манири кои најмалите мора да ги знаат пред да тргнат на училиште:
Кога бараш нешто кажувај „те молам“.
Кога нешто добиваш кажувај „благодарам“.
Ако повредиш некого кажи „извини“.
Ако сретнеш некого кого познаваш кажи „добар ден“ или „добра вечер“.
Откако ќе тропнеш на затворена врата, почекај одговор па потоа отвори ја.
Кога некој ќе те праша како си одговори му и постави му го истото прашање нему.
Не ги нарекувај луѓето со погрдни имиња.
Покривај ја устата секогаш кога ќе кашлаш или ќе се проѕеваш.
Секогаш помагај на постарите од тебе.
Користи го правилно приборот за јадење.
Не се исмевај со никого од твоето одделение.
Ова се само дел од манирите кои нашите најмали треба да ги знаат. За жал, сакале ние или не, живееме во чудно и искривено време во кое вистинските вредности се ценат помалку од што треба. Единствено на родителите останува да ја вратат важноста на доброто однесување кое сѐ повеќе избледува.