Кога помислуваме на зборот „комплимент“, обично го поврзуваме со физичките атрибути, на пример: „Изгледаш многу убаво во тој фустан!“ или „Тие панталони одлично ти стојат!“

Убаво е да се слушаат физички комплименти, но има многу повеќе работи кои се поважни од нашиот изглед, а тоа е нешто на кое можеме да ги научиме нашите деца на рана возраст, со едноставно упатување пофалби и за другите работи поврзани со нив.

„Биг лајф журнал“ сподели објава на „Инстаграм“ истакнувајќи 25 нефизички комплименти што можеме да им ги дадеме на нашите деца.

-Замислете ја радоста на вашето дете кога ќе ги слушне овие зборови: „Твојата добрина ја осветлува секоја соба!“, „Многу ми се допаѓа што секогаш го наоѓаш доброто кај луѓето! и „Твојата искреност те прави доверлива личност!“, стои во описот.

Ова се позитивни афирмации што е прекрасно да се упатат на секого, без оглед на возраста, но тие многу им значат на децата.

25 нефизички комплименти:

-Твојата насмевка ја осветлува просторијата.
-Ми се допаѓа твојата смисла за хумор!
-Ми се допаѓа што даваш сè од себе.
-Ти благодарам што си таков/а каков/а што си.
-Прекрасно е како се грижиш за нашето семејство.
-Пронаоѓањето радост во малите нешта е твојата супермоќ.
-Имаш златно срце.
-Внимателен/а си и одличен пријател/ка.
-Начинот на кој го гледаш светот е толку уникатен.
-Сакам да ги слушам твоите приказни.
-Ми се допаѓа колку си внимателен/а кон чувствата на другите луѓе.
-Сакам да те гледам како се забавуваш.
-Стануваш сè потрпелив/a!
-Слушаш толку внимателно.
-Твојата позитивна енергија е заразна.
-Ми се допаѓа што ги почитуваш сите околу тебе.
-Толку си одлучен/а.
-Твојата добрина кон другите е прекрасна.
-Се чини дека зближувањето на луѓето ти доаѓа природно.
-Импресивна е твојата љубов кон учењето.
-Начинот на кој се грижиш за другите е многу убав.
-Твојата способност да се залагаш за другите е знак на внатрешна сила.
-Ми се допаѓа што го пронаоѓаш доброто кај луѓето.
-Даваш одлични совети.
-Ми се допаѓа твојата авантуристичка страна!

Извор



912

X