Игротека

Цртите на лицето на детето кажуваат за неговата личност

Дали челото на вашето дете може да покаже колку е чувствително како личност? Дали дупчињата на лицето покажуваат колку тоа ужива во животот? Според древната кинеска уметност на читање на лицето, одговорот е – да!

Древната кинеска уметност за читање лица претставува систем кој се развивал паралелно со традиционалната кинеска медицина, според кој одредени црти на лицето откриваат особини на личноста. Луѓето што ја практикуваат оваа метода за читање лица веруваат дека лицата може да се категоризираат како вода, дрво, оган, земја или метал. Ако сакате да проверите дали навистина функционира овој метод, прв чекор е да утврдите на кој елемент му припаѓа вашето дете.

Вода
* Големи уши
* „V“ облик на косата на средиштето на линијата од косместиот дел
* Благо отечен простор под очите, таканаречени природни подочници
* Силна, издадена брада
* Бујна или кадрава, сјајна коса

„Водено дете“
Децата што за елемент ја имаат водата имаат бујна фантазија, мирни се и не се наклонети кон расправии. Друштвени личности се, но ги задржуваат своите вистински емоции блиску до своето срце! Емоционално интелигентни и перцептивни, понекогаш и чувствителни. Овие деца брзо го менуваат своето расположение.

Дрво
* Рамна коса
* Бујни или долги веѓи
* Издадена коска на челото
* Правоаголна форма на лице
* Облик на тело: или високо и тенко или ниско и компактно

„Дрвено дете“
Ова дете е љубопитно и на секоја реченица поставува прашање. Исто така, овие деца постојано се во движење. Ви треба многу енергија за да држите чекор со авантуристичкиот и забавниот дух на ‘дрвеното дете’, а ќе откриете и дека ќе има многу ситуации кога нема да прифаќа ‘не’ како одговор и ќе ги тестира вашите, но и своите граници. Животот со нив, сепак, не е досаден!

Оган

*Сјајни очи
* Кадрава или коса со црвеникав сјај
* Дупчиња на лицето
* Бенки
* Румени образи или сјаен тен
* Слаби раце и торзо

„Огнено дете“
Полно со енергија, вашето „огнено дете“ ќе ве држи постојано зафатени! Активно и разиграно по природа, ако не се насочува правилно, очекувајте одредена количина провокативно однесување. Ова дете исто така е вистински мал шегаџија. Природен изведувач, ова дете обожава да се дружи со пријатели и со семејството, но често има тврдоглава и тешка природа.

Земја

* Голема уста или полни усни
* Широк или месест нос
* Тркалезна форма на лице
* Поголеми горни очни капаци
* Жолтеникави тонови на кожа
* Тркалезен мев или крупно тело

„Земјено дете“
Земјените деца се приземни и реални. Концентрирани се на играта и задачите, а подоцна и на домашните задачи. Отворени се и друштвени, но никогаш не се најгласните во друштвото. Верни се и чувствителни, но може да бидат склони на љубомора. Замислени се, рефлективни и сочувствителни пријатели. Ако имате деца во елементот Земја, може да ја забележите нивната честа „загриженост“ и страв од одвојување.

Метал

* Голем нос
* Издадени образи
* Високи веѓи
* Блед тен
* Брз метаболизам, витост
* Изразена структура на коските

„Метално дете“
Ова дете го познава својот ум. Сака да биде зафатено, да си игра самостојно, но и во група. Овие деца не сакаат изненадувања и преферираат стабилност и позната рутина. Чувствителни се, имаат страв од непознато и понекогаш се тврдоглави, но со семејството и пријателите се друштвени.

Иако секогаш би требало да гледате на лицето како на целина, постојат одредени елементи на лицето кои откриваат одредени карактеристики на личноста. Прочитајте и проверете дали се вистинити:

Заоблено чело: креативен, емоционален и интуитивен
Накривено чело: амбициозен
Рамно чело: мислител

Бујни веѓи: полн со доверба и логички пристап
Тенки веѓи: резервиран

Широки очи: друштвен, дрдорко
Мали очи: резервиран

Голем нос: детален, чувствителен перфекционист
Мал нос: прагматичен, одговорен

Големи усни или уста: мајчински, грижлив тип, важни му се односите и пријателствата
Тенки усни, мала уста: приватна личност, недоверлива

Издадена долна усна: го сака животот и ужива во истиот
Издадена горна усна: чувствителен

Издадена брада: упорен
Вовлечена брада: недоверлив

Издадени образи: комуникативен
Рамни образи: независен

Јака вилица: натпреварувачки тип
Тесна вилица: флексибилна природа.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top