Балканската вселенска организација СЕСА, чија цел е развој на вселенската програма и вселенското инженерство, ја вклучува и детската имагинација во својата работа!

Најмалите ќе имаат задача да нацртаат, да направат некое дело на тема вселена или некаква фотографија која треба да ја испратат до надлежната организација на членка на СЕСА.

Сè што е испратено ќе биде објавено на веб-страницата на СЕСА и ќе се зачува во меморијата на сателитот, кој ќе биде лансиран во вселената до крајот на годината. Со објавувањето на веб-страницата секој ќе има трајна потврда за учеството, а материјалот постојано ќе биде јавно достапен.

-Ние и нашите деца треба да изградиме нова иднина, да ја обновиме соработката и да го зачуваме единството. Ова ќе остане со децата до крајот на нивниот живот, ова е добар почеток за нив. Горди сме на фактот што целиот регион е вклучен во овој историски настан и потфат бидејќи доколку во оваа кампања учествуваа само деца од една земја, главната цел немаше да се исполни. Учествуваат деца од сите земји на СЕСА. Симболично кажано, сигурно е дека сите првпат ќе погледнат во ист правец при лансирањето, а и ние заедно со нив – изјави член на македонското претставништво на СЕСА.

Како да испратите проект во вселената?

Кликнете на овој ЛИНК и пополнете ги сите информации за успешно да го поднесете вашиот проект. Забелешка, треба да имате „Џимејл“ за да го испратите формуларот.



912

X