Воспитување

„Ништо не е поважно од семејството“… Цитати за семејството

Ништо не е поважно од семејството. Тоа е најважниот аспект од животите на многу луѓе и основата на човечката цивилизација. И покрај тоа, често не поминуваме доволно време со своите семејства, па следните цитати за семејството може да ве потсетат да го ставите квалитетното време со вашите најблиски како приоритет.

Ништо не е пред семејството

„Моето семејство е мојот живот и сè друго е второстепено во однос на важните нешта за мене“ – Мајкл Империоли.

Семејството е живот

„Работата е работа, но семејството е за цел живот. Тоа е она што мене навистина ми е важно“ – Акшај Кумар.

Семејството е засекогаш

„Тенисот е само игра, семејството е засекогаш“ – Серена Вилијамс.

Одвојте време да си го видите семејството

„Да се видам со семејството е многу важен дел од мојот викенд“ – Сузана Јорк.

Семејството е подарок

„Семејството е уникатен подарок кој треба да биде ценет и вреднуван, иако некогаш ве полудува. Колку и да ве лутат, прекинуваат, вознемируваат, се обидуваат да ве контролираат, тоа се луѓето што ве познаваат најдобро и ве сакаат“- Џена Мораска.

Семејството е заедништво

„Мислам дека семејството е клучот и ако имате љубов за семејството, тогаш имате љубов и за другите – и имате заедништво како луѓе“ – Маролн Вајанс.

Најважната работа

„Најважната работа на светот се семејството и љубовта“ – Џон Вуд.

Семејството на прво место

„За мене, семејството е секогаш на прво место, би сторил сè за да ги заштитам“ – Марк Волберг.

Семејството е засекогаш

„Семејството и Бог – тоа е она што е важно. Пари, автомобили, тоа се работи што доаѓаат и си одат“ – Фабрис Муамба.

Важноста на семејството

„Она што е важно е семејството, пријателите, давањето придонес на заедницата и наоѓањето значење во животот“ – Адриан Грениер.

Автор: Матие Калокох

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top