Воспитување

Цитати за семејството: „Треба да ја браните својата чест. И своето семејство“

„Многу е важно да се приоретизира. Знам, за мене, дека моето семејство е секогаш на прво место. Тоа ја прави секоја одлука лесна“ – Џејда Пинкет Смит.

„Семејството е најважната работа во животот. Јас гледам на тоа вака: Некој ден ќе бидам во болница некаде со 4 ѕида околу мене. И единствените луѓе што ќе бидат со мене ќе бидат членовите на моето семејство“ – Роберт Брд.

„Моето семејство е мојот водич кон мојата реалност“ – Хејвуд Нелсон.

„Моето семејство е сè. Јас сум тоа што сум благодарение на мојата мајка, мојот татко, мојот брат, мојата сестра… бидејќи тие ми дадоа сè. Едукацијата што ја имам е благодарение на нив“ – Роналдињо.

„Најважниот фактор за нашата долгорочна среќа се односите што ги имаме со нашето семејство и блиски пријатели“ – Клејтон М. Кристенсен.

„Треба да ја браните својата чест. И своето семејство“ – Сузан Вега.

„Јас сум минималист. Не морам да уживам којзнае како во добар одмор – потребни ми се само неопходни работи и моето семејство“ – Жан Рено.

„Благословена сум што имам многу одлични работи во мојот живот – семејството, пријателите и Бог. Сите тие се во моите мисли секојдневно“ – Лил Ким.

„Моето семејство е на прво место. Можеби тоа ме прави различен од другите момци“ – Боби Дарин.

„За мене, ништо не беше поважно од тоа да бидам мајка и да имам семејство и дом“ – Џесика Ленг.

„Семејството е најважната работа во светот“ – принцезата Дајана.

„Моето семејство е многу поважно од мојата забава“ – Зел Милер.

„Потребен е многу труд за да се склопи брак, за да се создаде семејство и дом“ – Елизабет Едвардс.

„Молете се за своето семејство секојдневно, за вашето семејство да биде дел од семејствата кои кај себе ќе ги прими Бог“ – Кристофер Лав.

Автор: Мати Калоко

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top